Во Општинското средно училиште „ Св. Климент Охридски“ денеска се одржа PISA тестирање на репрезентативен примерок на ученици избрани по случаен избор. Охридската гимназија е само едно од многуте училишта кои се дел од шестата PISA студија, односно програма која се залага за меѓународно оценување на учениците и се спроведува на секои 3 години.
Се очекува резултатите да дадат значајни сознанија за тоа колку учениците во Македонија се подготвени за учење и живот како возрасни откако ќе го напуштат училиштето, како и да помогнат да се идентификуваат областите кои треба да се унапредат од страна на училииштата, образовниот систем и Владата. Крајно, тие би овозможиле споредување на ефикасноста на ученикот и средината за учење помеѓу различни земји.
PISA тестирањата (Programme for International Student Assessment) се меѓународни истражувања за проценка на знаења и вештини на петнаесетгодишни ученици под покровителство на OECD – Организацијата за економска соработка и развој. Проектот PISA е започнат во 2000 година со цел да се оцени нивото на образование помеѓу младите и вклучува повеќе од 70 земји од светот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |