Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека ниските температури кои ја зафатија Општина Охрид во периодот од 25.04.2016 до 27.04.2016 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во периодот до 03.05.2016 година (вторник), заклучно со 11.05.2016 година (среда) во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175.
Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Радован Вељаноски.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист). Извор: www.ohrid.gov.mk |