Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ РАБОТИ НА САНАЦИЈА НА МОСТОТ НА РЕКА ГРАШНИЦА
Untitled Document

Оперативни екипи на ЈП  “Нискоградба“  неколку дена активно работат  на санација на мостот на река Грашница на ул. “Гоце Делчев“ во населба Даљан.  Санацијата на мостот  значи крај на  долгогодишниот  проблем  со кој се соочуваа охриѓани затоа што истиот беше  небезбеден  како за минувачите така и за нормално сообраќање.
Со санацијата на мостот на реката Грашница на излезот од градот,локалната власт во Охрид покажува дека со еднаква мера се грижи за централниот и за периферниот дел од општина Охрид.
Активности од ваков тип  во блиска иднина се најавени и на други локации низ општината  со цел подобрување и разубавување  на средината во која живееме .

Покрај другите активности, ЈП “Нискоградба“ работи на   поставувањето на новата канализациона мрежа на  ул. “Прва македонска ударна бригада“,каде што градежните активности се во напредна фаза.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 28.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©