Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БАКРАЧЕСКИ И МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ НА “ЕВЕРГРИН ЕНЕРЏИ“ ГИ РАЗГЛЕДУВАА МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СВЕТСКИ КОМПАНИИ ВО СЛОБОДНИТЕ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ
Untitled Document

 Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска ја посети фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“, која последниве години станува еден од најголемите извозници во Југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа.
  Целта на  посетата  беше да се укаже на поволностите    и поддршката  што  Општина Охрид   може да   ја даде на оваа успешна компанија се со цел да се  подигне локалниот економски раст  да  се обезбедат  можности за успешно работење на фирмата во иднина која со тоа  и би го зголемувала производство што значи дека  би обезбедувала нови работни места за локалното население. На средбата  меѓу другото градоначалникот Бакрачески  со менаџментот на „Евергрин енерџи“ разговараше  и околу можноста, слободните индустриски зони да се презентираат пред бројните партнери на  оваа компанија  во Европа со цел над дваесет големи  европски  фирми да ги осознаат и да инвестираат во  слободните индустриски зони.



-Ние како локална самоуправа ќе бидеме силно посветени  за поддршка на ваквите компании  се со цел да обезбедиме и инфра структурни погодности  за нив како и останати олеснителни други околности кои што законот ги дава односно што претставуваат инференција на Локалната самоуправа. Ние сме спремни во секој момент да бидеме тука да ги поддржиме овие компании и да овозможиме еден локален економски раст и креирање на нови работни места , изјави непосредно по средбата со менаџерскиот тим на “Евергрин Енерџи“, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, додавајќи дека  охридската локална  самоуправа во овој момент  е силно  посветена  кон завршување на проектната документација за изградба на слободната индустриска зона во близина на  Охрид, односно кај локалитетот “Мауцхер“ .


- Во таа насока разговаравме со менаџерите на “Евергрин енерџи“  околу можностите што ние можеме да им ги дадеме ним се со цел да инвестираат во изградба на нов производствен погон  токму на таа локација каде што и досега неколку охридски компании покажаа интерес  да инвестираат во градба на такви производствени капацитети, потенцира  Градоначалникот.

 


Јован Јованоски од менаџерскиот тим  посочи дека компанијата “Евергрин енерџи“ е во постојани контакти со странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во Охрид. 


-          Во тек сме со активностите кои Општина Охрид ги презема за економско заживување на градов  и  со слободните економски зони ,и веќе сме во преговори со двајца посериозни партнери од Европската Унија со кои што веќе овој викенд ќе разговараме и  пред кои ќе ги презентираме сите услови кои ги нуди општината  и централната влас и се надевам дека заеднички со нив ќе влеземе во инвестиција и ќе можеме да ги развиваме се повеќе и повеќе нашите производи што значи и нивна продажба на повеќе светски  пазари, истакна Јован Јованоски.

Компанијата „Евергрин Енерџи“произведува камини од сопствен бренд, но и ултра модерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд. Фирмата постојано го зголемува извозот и бројот на вработените, а последниов месец инвестирано е во нови машини и опрема.


Посетите на охридски фирми од страна на градоначалникот Бакрачески ќе продолжат и во наредниов период со цел да се укажува на поволностите кои општината ги нуди за нивната работа како и да се презентираат можностите за привлекување странски компании во слободните индустриски зони  во охридскиот регион што би значело стопанско заживување  за Охрид и креирање на нови работни места за охриѓани.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1360  пати
Објавено на: 03.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©