Со нај обемна новогодишна програма која ќе трае десет дена и со поинаков приод од вообичаено, Општина Охрид се вклучува во одбележуавњето на новогодишните празници . Покрај разубавувањето односно украсувањето на градот, интенција на локалната власт е да внесе содржини од забавниот и рекреативниот живот со цел Охрид од година во година да биде се попривлечна и поатрактивна дестинација за домашните и странски гости кои новогодишните празници ќе ги прославуваат кај нас.
Внесуваме содржини со кои најавуваме еден нов пристап во организација на овие дејности кои се надевам дека во наредните години ќе бидат се подобро организирани и ќе наидуваат на се подобар однос и од граѓаните и од туристите кои ќе престојуваат во Охрид. Годинава на градскиот плоштад каде ќе бидат централните случувања ќе имаме градско лизгалиште, современа бина на која ќе се изведуваат најголем дел од претставите и настапите на сите учесници во новогодишната програма и секако граѓаните ќе имаат можност во удобно уредени по сите стандарди куќарки да набават и храна, најави на денешната средба со новинарите градоначалникот Никола Бакрачески.
Во реализацијата на обемната новогодишна програма вклучени се Секторот за Туризам и Локален Економски Развој , Секторот за Јани дејности, Охридскиот театарот , фестивалот Охридско Лето, сите основни и средни училишта, невладини организации, шест Културно уметнички друштва и музички групи од градов.
Секое стимулирање на кохезија и анимација на своите граѓани претставува огромно задоволство и голем благодет за граѓаните во целина. Вклучувањето на училиштата и на овие фолклорни ансамбли во еден период од 10-ина дена е преубава идеја. истакна раководителот на охридскиот театар Горан Стојаноски кој е вклучен во организација на програмата.
Деталите околу новогодишната ноќ и дочекот на Новата Година на градскиот плоштад на прес конференцијата ги откри раководителот на Секторот ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски.
Почетокот е предвиден за 21 часот со настапот на Викторија Лоба и Ламбе Алабакоски. Од 22.30 до 24.00ч ќе настапуваат Наум Петрески, Зуица Лазова и Анастасија Петреска кои ќе пеат во придружба на оркестарот на групата “Синтезис“.Во најлудиот период од 24.00 до 24.30 часот ќе настапи оркестарот Агушеви. Новогодишната ноќ ќе биде збогатена со спектакуларен огномет, истакна Апостолоски.
За новогодишната програма Општина Охрид издвои 15 000 евра. Новогодишната програма не е крај на активностите, ќе следува богата програма и за Божик, Стара Нова година и Водици.
Извор: www.ohrid.gov.mk |