Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКРЕТАРОТ СПАСЕСКИ УЧЕСТВУВА НА „ STRONG CITIES NETWORK GLOBAL SUMMIT“ ВО ТУРЦИЈА
Untitled Document

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески присуствува на " Strong Cities Network Global Summit" , кој денес и утре се одржува во Анталија, Република Турција. Главна тема на Самитот е заштитата од тероризмот како светска закана со посебен акцент на заштита од тероризам на градовите кои се под заштита на УНЕСКО.

Општина Охрид за првпат е поканета да учествува во оваа мрежа што дополнително овозможува Охрид да биде промовиран како светски безбедна туристичка дестинација. Самитот е на високо ниво и на него учествуваат претставници на бројни градови и држави од светот како и претсавници на националните полиции и  експерти од оваа област.

Самитот го отвори Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, а писмо со поддршка испрати државниот секретар на САД, Џон Кери.На овој голем меѓународен собир учествуваат  градоначалниците на Анталија, Истанбул и  Копенхаген, претставници на Стејтдепартментот и  конгресмени од САД, претставници од Белгија, Норвешка, Индија, Кенија, Турција, Шпанија и други  земји, кои ги споделуваат сопствените искуства и начини на справување со светскиот тероризам. Покрај Општина Охрид на Самитот, од Република Македонија учествува и Општина Чаир.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1353  пати
Објавено на: 11.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©