Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО КОНКРЕТНИ АКТИВНОСТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА
Untitled Document

По налог на Локалната самоуправа, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве  превземаат активности за  изведување работи и извршување услуги за уредување на речното корито на Коселска река и реката Грашница.

Чистењето ќе продолжи во периодот кога дозволуваат временските услови, односно предвидено е до крајот на месец октомври да заврши акцијата за чистење на речните корита – рече Елена Скрческа, в.д. директор на ЈП „Охридски Комуналец“.

Во акцијата за чистењето на реките на територијата на општина Охрид кои во периодот на врнежи се најголеми причинители на поплави и штети од поплави се вклучи и Владата на Република Македонија.

- За таа цел се одржаа неколку координативни состаноци во Министерството за транспорт и врски каде се одлучи Владата да помогне со донирање на 12 000 литри нафта за чистење на речните канали и со заедничка и координирана акција за прв пат оваа година градот Охрид веќе да нема проблем со водотеците на реките – истакна секретарот Димитар Спасески.

Конкретните активности и практичните  чекори за реализација на делот од Акциониот План што се однесува на чистењето на речните корита на подрачјето на општина Охрид ги потенцира и градоначалникот Бакрачески, кој ја истакна заложбата за заштита првенствено на жителите  покрај реките и со тоа да се стави крај на долгогодишниот проблем од излевање и поплави.

Предвидено е да се чистат и коритата на реките Сушица, Коселска, Велгошка, Даљан и на потегот Рача со што превентивно ќе се делува во заштитата од поплави кои ги причинуваат водотеците  а истовремено ке се намали процентот на загадување на Езерото.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1454  пати
Објавено на: 02.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©