Со пригодна свеченост, вечерва, во просториите на училиштето, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ го прослави јубилејот 50 години од неговото постоење.
Директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , Јане Цаноски, во пригодното обраќање изрази голема благодарност до колективот на училиштето, но и до сите оние кои дале свој придонес од основањето до денес. Во име на општина Охрид, присутните ги поздрави заменик градоначалникот, Ангел Јанев, кој им го честита јубилејот и им посака училиштето да постигнува уште поголеми успеси.
Во рамки на свеченоста беа доделени благодарници на пензионираните професори и на учениците кои постигнале успех на некој натпревар.
Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма и хуманитарен базар каде беа изложени ракотворби изработени од учениците во училиштето.
Извор: www.ohrid.gov.mk |