Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници
на Здружението на пензионери од општините Охрид и Белчишта, на која им го
честита освеното прво место на Деветнаесеттата спортска олимпијада на
пензионерите на Република Македонија. Претставниците на пензионерите се
заблагодарија на честитките и најавија дека нивните спортски успеси ќе
продолжат и во иднина и дека со тоа им даваат пример на помладите генерации.
-Ви
го честитам освојувањето на првото место и преодниот пехар на
Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република
Македонија.Воедно, Ви ги чеситам и освоените пет златни,четири сребрени и
една бронзена медаља, како и двете петти, двете седми и едното осмо место за
кои се изборивте во 11 спортски дисциплини во конкуренција на 400 пензионери
од 43 здруженија.На пензионерските олимпијади веќе четири години го
освојувате првото место и затоа Вашите витрини ги краси големиот пехар во
трајна сопственост. Тоа е круна на Вашите спортски успеси, кои се надевам ќе
продолжат и во наредните години- рече градоначалникот Никола
Бакрачески.
Тој додаде дека тоа е резултат на добрата организација на Здружението на
пензионерите од Охрид и Дебрца, кое според резултатите е најдобро во
Република Македонија.
Претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески,
му се заблагодари на градоначалникот Бакрачески за приемот и во името на
нивните 9.600 членови, рече дека досегашната соработка меѓу Локалната
самоуправа во иднина ќе се продлабочува.
-Како одговорна Локална власт , Ве уверувам
дека ќе ги реализираме најавените проекти поврзани со пензионерите, во кој
најкапитален зафат е изградбата на Домот за стари лица- рече
градоначалникот Бакрачески.
Градоначалникот додаде дека постепено, се што е договорено со потпишаниот
протокол за соработка ќе се оствари и дека во меѓувреме ќе се договараат и
други заеднички проекти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |