Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Секторот за управување со ИПАРД програмата во Република Македонија, вчера во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година се одржа инфо ден со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност беа запознаени со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.
„Новите измени во ИПАРД Програмата кои се донесени со цел поуспешно искористување на овој европски фонд - четвртта модификација – ги опфаќа следните мерки:
Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
Инвестиции кои ќе доведат до надградба на земјоделските стопанства:
Лозови насади
Овошни насади
Производство на зеленчук
Одгледување на животни за производство на млеко
Одгледување на животни за производство на месо
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Групи на инвестиции:
Производство на вино
Преработка на овошје и зеленчук
Млеко и млечни производи
Месо и месни производи
Мерка 302 - Диверзификација и развој на рурални економски активности
Групи на инвестиции:
Неземјоделски активности во руралните средини
Диверзификација на приходите од земјоделска дејност
Услужни дејности во земјоделството
Рурален туризам
Исто така присутните беа запознати со објавениот ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2013 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата - 08.07.2013.
Извор: www.ohrid.gov.mk |