Општина Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ се домаќини на првиот македонски
Супер куп во кошарка. Почнувајќи од оваа година во Македонија почнува да се
игра „ХУАВЕЈ“ Супер куп-от во кој ќе учествуваат финалистите од плеј - оф
натпреварувањата и финалистите од Купот на Македонија.
Натпреварите ќе се играат на 26-ти и 27-ми септември во арената „Билјанини
извори“. На 26-ти септември во 17:30 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу
Работнички и Кожув, а во 20:15 часот ќе се одигра наптреварот
МЗТ Скопје А. – Куманово. Дваесет и
седми септември е резервиран за финалето на купот. Почетокот на финалето е
закажано за 19:30 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |