Во рамки на Пилот проектот за собирање на отпадно масло од домаќинствата,
денес напладне на Полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“, Секторот за урбанизам и животна средина при Општина Охрид, ја започна акцијата за собирање на отпадното масло од домаќинствата.
Акцијата прв пат се спроведе лани, а надлежните очекуваат поголем одзив годинава.
Проектот на Секторот за урбанизам е во соработка со фирмата „СУНИЛЕС“ која има дозвола за собирање на отпадното масло добиена од МЖСПП.
Општина Охрид е прва општина во Република Македонија која го спроведува овај проект.
Извор: www.ohrid.gov.mk |