Врз основа на член 50 од Законот за локалната
самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ број 5/02) и Законот за изменување и
дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај( „ Службен
весник на РМ“ број 187/13), Градоначалникот на општина Охрид го
објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на такси возачи вработени во правни лица,
лиценцирани за такси дејност од општина Охрид, за посетување на
обука за изучување на англиски јазик
1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
1.1. Предмет на јавниот повик е пријавување
на такси возачи вработени во правни лица, лиценцирани за такси дејност од
општина Охрид, за посетување на обука за изучување на англиски јазик.
1.2. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање
кое ќе го вршат професори по Англиски јазик.
1.3. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови.
1.4. Трошоците за обука за изучување на англиски јазик се обезбедуваат од
Буџетот на општина Охрид.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани кандидати
кои работат како такси возачи во правни лица лиценцирани од општина Охрид за
оваа дејност, кои ги исполнуваат следниве услови :
- лицата да не бидат постари од 62 години
- да се вработени како такси возачи.
2.2. Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и
условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.
3. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА
ПРИЈАВА
3.1. Лицата од точка 2 поднесуваат
пријава до Архивата на општина Охрид (Секторот за комунални дејности,
сообраќај и улици – Одделение за сообраќај).
3.2. Готов образец од пријава за заинтересираност за посетување на оваа
обука може да се подигне во Архивата на општина Охрид (Секторот за комунални
дејности, сообраќај и улици – Одделение за сообраќај) или да се превземе од
интернет страната www.ohrid.gov.mk
3.3. Кон пријавата се доставува следнава документација:
- копија од лична карта
- копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.
3.4. Пријавите можат да се достават во рок од 45 дена од денот на
објавувањето на јавниот повик.
НАПОМЕНА :
- Со обука ќе се отпочне во наредните
месеци при што сите пријавени кандидати поединечно ќе бидат известени
по електронски пат .
Пријава....
Извор: www.ohrid.gov.mk
|