Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УЗ СТАР ГРАД
Untitled Document

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, денес, тој оствари средба со жителите од УЗ Стар град.

Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа.


Овај начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и за побрзо и поефикасно решавање на проблемите на жителите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1329  пати
Објавено на: 30.09.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©