Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги известува сите правни и физички лица, земјоделски стопанства дека истекува рокот за поднесување на барања за директни плаќања – субвенции за 2015 година.
Краен рок за поднесување на барањата е до 31 мај 2015 година.
Барањата се поднесуваат на пропишана образец во електронска форма во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство. Поднесените барања веднаш влегуваат во процесот на пропишание контроли.
Право на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат земјоделски стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Подетални информации можат да се добијат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на телефон 046-262-476 , или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |