Остануваат уште 18 дена до крајниот рок – 20 ноември, за апликациите за
највисоките општински признанија, наградата и повелбата “Св. Климент
Охридски“. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва,
здруженија на граѓани и граѓани.
Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно
долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од
општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат
посебен придонес за развој на градот и за нејзиниот севкупен придонес и
афирмација во Република Македонија и светот.
Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден
добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Извор: www.ohrid.gov.mk |