Во петок, 26 април во 10:00 часот на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Амбасадата на Кралството Холандија заедно со нејзините партнери – Општина Охрид, ТАВ и Агенцијата за промоција на туризмот ќе организира пречек на првата тура холандски туристи за оваа летна сезона.
На настанот ќе присуствуваат претставници од Амбасадата на Кралството Холандија предводени од Н.Е. г-ѓа Мариет Схурман, градоначалникот на општина Охрид г. Никола Бакрачески и претставници од Агенцијата за промоција на туризмот.
Имено,во текот на 2012 година, во Македонија престојувале вкупно 27.120 холандски посетители и туристи, што претставува 7,6% од вкупниот број на странски туристи во земјата. Ова е најголем број туристи и посетители од странска држава, по оние од соседните земји.
Холандските туристи во текот на 2012 година оствариле вкупно 145.280 ноќевања, што претставува 17,9% од вкупниот број на остварени туристички ноќевања.
По успешната презентација на саемот за туризам во Утрехт и според плановите за оваа летна сезона, се очекува зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: www.inpress.com.mk
|