Во ОЕМУЦ“Св. Наум Охридски“ свечено беа доделени сертификатите за стручно оспособување за лицата кои беа вклучени во обуките за подготовка за вработување.
Обуките се реализираа во рамките на Оперативниот план на Владата на РМ за активни мерки и програми за вработување за 2014 година, а врз база на анализите на побарувани занимања на пазарот на трудот, за три образовни профили: сервисер на мехатронични системи, аргон заварувач и помошник козметичар.
26 лица кои беа вклучени во обуките, посетуваа обука во периодот од април до јули, а во август се спроведоа испити од страна на комисии во кои покрај наставници од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“, учествуваа и претставници од работодавачи и советници од Центарот за стручно образование.
Кандидатите стекнаа основни знаења за отворање на сопствен бизнис, но пред се стручно се оспособија за самостојно извршување на работи и работни задачи во соодветниот образовен профил.
Извор: www.ohrid.gov.mk |