Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ЗАМЕНУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ И СЕ ДИСЛОЦИРААТ И БЕЛЕЖАТ ТАКСИ СТАНИЦИТЕ ВО ОХРИД
Untitled Document

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  при Општина Охрид и во летниов  период продолжува со определени активности на терен во насока на поголема заштита и безбедност во сообраќајот на територијата на Општина Охрид.


Во текот на денешниот ден по налог на надлежните од Секторот за комунални дејности и во соработка со СВР Охрид, екипи на ЈП “Нискоградба“ започнаа  со активности на замена на стари  и оштетени сообраќајни знаци со нови  во поширокото централно градско подрачје,поточно на ул. “Партизанска“.


Акцијата со уште поголем интензитет ќе продолжи и во текот на следните неколку денови така што паралелно освен замена на сообраќајни знаци и поставување на нови онаму каде што стручните лица утврдиле дека е потребно , ќе се дислоцираат и такси станиците и ќе се бележат истите.


Со оваа акција за замена на сообраќајни знаци и дислокација и бележење на такси- станици се заокружува еден процес на подобрување на безбедноста на сообраќајот во најфреквентниот  период од годинава.


 Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици истакнуваат дека  будно ќе ги следат  и можните  ново настанатите состојби од овој аспект во било кој период од годината.
Активностите за замена на сообраќајните знаци и дислокација и обележување на такси станиците  во градов се дел од  годишната програма утврдена од Советот на Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1326  пати
Објавено на: 12.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©