Градоначалникот Бакрачески преку изјава за медиумите, одговори на неснованите обвинувања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој денес беше во посета на седиштето на СДСМ во Охрид. Градоначалникот Бакрачески, истакна дека господинот Заев, требало да се грижи за Охрид и вработените во локалната самоуправа,кога со нив раководел неговиот сопартиец и колега Александар Петрески, кој ја задолжи Општина Охрид, со над 32 милиони евра, состојба која долгорочно ќе се одразува на сите граѓани, па и на вработените во општинската администрација.
Извор: www.ohrid.gov.mk |