Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТИШТАТА
Untitled Document

Во пресрет на зимата, денеска се одржа координативен состанок за одржување на патиштата во зимски услови, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Сектор за комунални дејности, сообраќај и патишта и сообраќајниот инспекторат, Јавното претпријатие „Охридски Комуналец, СВР – Охрид, полициските станици Струга, Кичево и Дебар, општина Дебрца како и претставници од Агенцијата за патишта и Јавното претпријатие „Македонија пат“.


Ваков тип на координативен состанок се одржува секоја година пред почетокот на зимата се со цел надминување на проблемите кои се појавиле во претходната сезона кога е задолжително поседување на зимска опрема.  Како превентивна мерка, СВР – Охрид изработи флаер кој ќе служи за информирање на учесниците во сообраќајот за обврските кои ги имаат во текот на зимата. Од СВР – Охрид, информираа дека во оваа година значително е подобрена безбедноста во сообраќајот што го потврдува и фактот дека на територија на општина Охрид се случиле 50 сообраќајни незгоди без значителна штета, за разлика од претходната година кога се случиле 68 сообраќајни незгоди во кои била причинета поголема материјална штета. На состанокот беа презентирани акционите планови на сите субјекти за одржување на локалните и регионалните патишта во зимски услови.


Општина Охрид на тој план оваа година има новитети. Во соработка со Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ , кој е носител на активностите за овај период, формиран е кризен штаб кој ќе биде во функција 24 часа и ќе има за задача да  ги следи постојано временските услови и да постапува во согласност со тие. Обезбедени се потребните количини на сол и ризла како и потребната механизација за расчистување на тротоари и тесни улици, а дополнително ќе бидат вклучени и четири правни субјекти кои, во зависност од ситуацијата и потребите, ќе бидат ангажирани за одржување на патните правци. Во наредниот период Локалната самоуправа ќе ја донесе и новата програма која ќе биде благовремено доставена до сите инволвирани субјекти.


Јавното претпријатие „Македонија пат“ од оваа година воведува дежурна телефонска линија на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат критичните точки на кои е оневозможено непречено движење на возилата. Исто така од „Македонија пат“ информираа дека за оваа сезона, навремено се набавени потребни количини на сол и ризла и дека е зголемен бројот на механизација која ќе биде ангажирана за одржувањето на патните правци.
Предложените мерки и заклучоците, како и насоките со кои ќе се  подобри комуникацијата во пресрет на зимата, од овај координативен состанок ќе бидат сублимирани во посебен извештај.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1331  пати
Објавено на: 29.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©