Учениците од Основните училишта кои добија награди на Конкурсот за
изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на
цвеќето – земја на розите“ , денеска беа на прием кај градоначалникот Никола
Бакрачески.
Градоначалникот им го честита успехот кои го постигнаа им посака уште
поголеми успеси на сите полиња и ги увери дека и во иднина ќе ги помага и
дека нивниот труд секогаш ќе биде валоризиран. Наградените основци во знак
на благодарност за подршката која им ја дава општина Охрид и градоначалникот
Бакрачески му подарија реплика од наградените дела. Градоначалникот
Бакрачески во знак на благодарност на директорите на училиштата им подари
пригоден поклон, а на наградените ученици им вети дека ќе ги посети во
нивните училишта за лично да им врачи благодарници за успехот кој го
постигнаа и за тоа што достојно го претставуваат Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |