Се решава проблемот со нелегалната конкуренција на Зелениот пазар со кој стопанисува ЈП “Градски пазар“ од Охрид. Денес надлежните служби започнаа акција на подигнување на диво поставените тезги на неколку локации во градов каде веќе се формирани нелегални мини пазари, а храната се продава во услови под сите хигиенски стандарди и со тоа е штетна за здравјето на купувачите. Акцијата е со цел сузбивање на незаконските дејствија како и оневозможување и понатака да се продаваат прехранбени производи во нехигиенски услови.
Извор: www.ohrid.gov.mk |