Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„КОСИ ОД РОЗЕВА ВОЛНИЦА“ Е ГОДИНАШНИОТ НАГРАДЕН РАСКАЗ ЗА НАГРАДАТА “ЖИВКО ЧИНГО“
Untitled Document

На годинешниот конкурс вкупно пристигнаа 59 плика од кои при прегледувањето е констатирано дека 5 плика не ги исполнуваат пропозициите дадени во конкурсот. Од останатите 54 плика се извадени 58 раскази што ги исполнуваат пропозициите.  На последниот состанок жири комисијата во состав : Претседател - Ирена Бачиќ, професор по македонски јазик и литература и членови Милчо Јованоски, новинар и Тоде Илиески, писател, изборот го сведе на три расказа и тоа : „Коси од розева волница“ под шифра „Солза“, „Охридски крап“ под шифра „Ивана“ и „Бавча со зелени патлиџани“ под шифра „Пајазит“.


Расказите ги исполнуваа естетските критериуми кои ги бара наградата, но сепак, по кратка дискусија, комисијата дојде до став дека расказот „Коси од розева волница“ се издигнува во сите аспекти над останатите два.


Расказот „Коси од розева волница“ под шифра „Солза“ во себе носи една ретко обработувана тема, односно прикажан е спој помеѓу реалниот и натприродниот свет. Овој расказ од кој постојано извираат неверојатно силни емоции кои го изместуваат човека од сопственото лежиште, претставува исповед на душата на една мајка која прерано го напушта светот и го остава своето мало детенце. Тука, откорнатата мајчина љубов ги побива сите граници на можното или неможното и успева да му се спротистави на силите на Универзумот за нејзината душа да остане напуштено чедо, се до оној момент кога е потребно. Крајот е неминовен, но во случај тоа не е моментот што одбрала судбината, туку моментот кога нејзината ќерка ќе почувствува дека е спремна сама да зачекори по животот, соопшти Претседателката на жири комисијата, Ирена Бачиќ.


Авторот на најдобриот расказ ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата за најдобар расказ за „Живко Чинго“ ќе биде врачена на 13 август на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1338  пати
Објавено на: 31.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©