Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид (“Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ петнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.12.2013 година ( четврток ) со почеток во 13,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 14-тата седница
- Предлог Информација за Извештајот за спроведената ревизија од страна на државниот завод за ревизија .
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година
- Предлог Одлука за усвојување на финансискиот Извештај за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година на МЈП „Проаква“ Струга, РЕ „Водовод“-Охрид.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Погребни услуги“ Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог Одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2013 година.
- Предлог одлука за утврдување нацрт фискална стратегија и развојни програми на општина Охрид за 2014 година.
- Предлог Одлука за дополнување на Одлуката за именување членови во Управниот Одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид.
- Предлог Одлука за утврдување на висина на цената за поставување на времени објекти
- .Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура
- Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето КП .бр.1482 и 1499 КО Трпејца
- Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КП. бр 1526 КО Рамне
- Предлог Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( КП.1949 КО Велгошти)
- Предлог Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( КП.2730 КО Велгошти)
- Предлог Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр. 2765/1 КО Велгошти
- Предлог Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( КП.2865/4 КО Охрид 4)
- Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КП. бр 8655/1 КО Охрид 1
- Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето КП.бр. 13248/1 КО Охрид3
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Гордана Коњановска
Извор: www.ohrid.gov.mk |