Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА ООУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
Untitled Document

После опсежните анализи на случувањата во рамките на образовниот систем Локалната самоуправа дојде до заклучок дека образовните институции во Охрид имаат сериозни проблеми кои не им овозможуваат да се посветат на основната дејност, а тоа е  максимално посветување на на наставниот процес.

Не случајно ОУ „Григор Прличев“ е одбрано да биде земено за официјален почеток за овие наши активности од единствена причина што ова училиште практично беше во најнезавидна положба, имаше блокирана сметка, а  со интервенција на Локалната самоуправа е одблокирана и од денес  може непречено да работи во согласност со сите законски прописи – истакна секретарот Димитар Спасески.

Дел од средствата кои се на располагање во Локалната самоуправа се насочени кон плаќање на комуналните трошоци пред се плаќање на електричната енергија во училиштата на територијата на општина Охрид.

Тенденција е Локална самоуправа во соработка со општинските училишта  да им овозможи на најмладите наставни програми по Европски терк , во насока на подобрување на образованието , а сето тоа ќе се овозможи преку постоење на  соодветни услови за работа на наставниот кадар.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 30.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©