СО СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Untitled Document
Во очи на 23.октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, Локалната самоуправа организира низа свечености со кои им оддаде почит на визионерите, борците, хероите за ослободување и создавање самостојна, независна македонска држава.
Пригоден збор пред присутните одржа градоначалникот Бакрачески кој го истакна значењето на одбележувањето на Денот. (говорот на Градоначалникот интегрално во pdf формат)
(Кликнете на фотографиите за поголеми...)
Ивона Базгалоска на пијано, Миланка Новеска – соло пеење и Даниел Мојсоски на виолина беа дел од културно – уметничката програма.
Во културно-уметничкиот дел, нумерите со македонски – етно меслос беа во изведба на хорот при гимназијата „Св. Климент Охридски“, познатата пијанистка Емилија Маринова и оркестарот при општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ .