Во организација на српско- македонското здружение „ Коштана“ од Охрид , денеска беше прославен празникот Св. Сава, Денот на српската заедница во Република Македонија. На свеченоста, во името на општина Охрид присутните ги поздрави и им го честита празникот, заменик градоначалникот Ангел Јанев.
-Ви го честитам празникот Св. Сава и Ви посакувам многу здравје, среќа и бериќет во вашите семејства. Воедно Ви посакувам и во иднина, да го градиме и унапредуваме заедничкиот соживот , како темел за меѓусебно почитување и разбирање- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.
Претседателот на српско- македонското здружение „ Коштана“ , Среќко Стојановиќ, објасни дека празникот Св. Сава , српската заедница во Охрид го одбележува и како слава на нивното здружение, кое е организатор на бројни манифестации. „ Според нашите проценки, во Охрид живеат повеќе од шестотини срби, од кои повеќето се од мешовити бракови и сите целосно сме интегрирани во вкупното живеење на Охрид. Тоа покажува дека сме лојални членови на заедницата и дека придонесуваме за развојот на Охрид и Република Македонија- рече Стојановиќ.
Извор: www.ohrid.gov.mk |