По повик на сообраќајната полиција стручни служби од Секторот за
Комунален развој, сообраќај и патишта, синоќа излегоа на лице место на
улицата “Момчило Јорданоски“ каде се случи сообраќајна незгода во која
камион се заплетка во ниско поставени кабли по што беа уништени неколку
метални и дрвени столбови.
По излегувањето на терен надлежните од Општина Охрид
констатирале дека од незгодата се оштетени два метални столба со
арматура со висина од по девет метри, што значи дека Општината
е оштетена за околу 1000 евра во денарска проти вредност.
Во незгодата биле оштетени и неколку дрвени столба кои припаѓаат на
“Телеком “и еден кабелски оператор.
Надлежните служби од Општина Охрид укажуваат дека локалната не е надлежна да
проценува на која висина треба да се поставуваат каблите, ниту е надлежна да
ги утврдува причините за незгодата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |