Градоначалникот Никола Бакрачески синоќа во Колеџот “Јахја Кемал“
присуствуваше на свеченото доделување на дипломите
на матурантите од ова училиште. Во пријатната атмосфера по
музичко сценскиот хепенинг, Градоначалникот Бакрачески им посака
понатамошни успеси на матурантите со желба да се посветат на
стекнување повисоко знаење кое е основа за успех
и е една од работите што никој не може да им ја одземе.
Притоа Градоначалникот ги врачи дипломите на првенците на генерација Бранка
Бунташеска и Никола Таштаноски, кои со своите научни достигнувања станаа
охридска гордост во светски рамки.
Двајцата млади таленти, Бунташеска и Таштаноски се дел од Советот на млади при Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |