Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ ДЕТСКИ СЕМАФОР“
Untitled Document

Заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, денеска им ги врачија наградите на најдобрите во натпреварите што се одржаа во рамките на сообраќајно воспитната манифестација „ Детски семафор“ . Целта на манифестација, како што беше речено на денешната свеченост е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.

За освоено прво место во машка конкуренција на  Петар Вељаноски од ОУ „Кочо Рацин“ му беше врачено признание и велосипед, за второ место на Горазд Томчов од ОУ „ Григор Прличев“  и на Мартин Димитриески од ОУ „Кочо Рацин“ за освоено  трето место им беа врачени признанија  и велосипедски кациги.

Во женска конкуренција за освоено прво место на Марија Јолеска од ОУ „Кочо Рацин“ и беше врачено признание и велосипед, за второ место на Каролина Ѓореска  ОУ „ Кочо Рацин“ и на Јана Петреска од ОУ „Григор Прличев“ за освоено трето место им беа врачени признанија  и велосипедски кациги.

Општинскиот натпревар "Детски семафор 2016" се одржa  на 04.05.2016 година во Основното училиште „Григор Прличев“. Натпреварот се реализира во два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови  и практичен дел- вешто возење на велосипед.

Манифестацијата „ Детски семафор“ ја организира Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и општинските основни училишта.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1415  пати
Објавено на: 06.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©