Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ЗА НЕСЕБИЧНОТО ВКЛУЧУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО НЕВРЕМЕТО
Untitled Document

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вечерва во Охрид се состана со сите надлежни служби задолжени за зимско одржување на патиштата и за справување со зимските услови. 


 
При  работната средба со  надлежните служби во Охрид, министерот Јанакиевски   се заблагодари на градоначалникот Никола Бакрачески кој, како што рече, со неколку приватни компании вчера  несебично  се вклучи во пробивањето на патот од Кичево кон Охрид и во евакуирањето на завеаните патници.
 


-Голема благодарност до најголемиот дел од градоначалниците, како Бакрачески, Села и останатите, бидејќи работеа во текот на целата вечер и најголемиот дел од населените места се веќе пробиени. Апел до сите градоначалници активно да се вклучат, рече Јанакиески според кој за охриѓани,  е добро што се очекува уште вечерва да проработат пумпите на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ бидејќи , во финална фаза е нивното приклучување на електричната мрежа.
 


-Охрид покрај тоа што веќе има редовно снабдување со електрична енергија, ќе има и редовно снабдување со квалитетна вода, додаде Јанакиески.
 


Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека состојбата со снежното невреме и електричното напојување со  сигурност  се стабилизираат  во Охрид.


-  Задоволен сум од она што го постигнавме во текот на вчерашниот ден и после полноќ. Состојбата во Охрид е потполно стабилизирана. Сите патишта и во Охрид и кон населените места и најдалечните охридски   села   се пробиени во текот на вчерашниот ден. Денес тие се одржуваат во одлична состојба. Денес во расчистување на улиците и јавните површини беа ангажирани буквално сите јавни претпријатија и целата општинска администрација без разлика на нивното работно место и позиција. Во поглед на снабдувањето со електрична енергија од она што го имавме како информација на  координативното тело   е дека тоа веќе  е  нормализирано.  Останува уште дел од село Лескоец  да биде непречено снабдувано  со електрична енергија  како и  горните делови од селата Рача   и Велестово. Не очекувам во наредните часови или денови да имаме прекин во напојување со електрична  енергија. Би изразил благодарност до сите  граѓани на Охрид , институции, приватни компании кои се вклучија во пробивање на патот кон превојот Пресека.  Се заблагодарувам  и до градоначалникот на Струга, Зијадин Села со кој  вчера  одлично соработуваме  во поглед на пробивање на патот кон овој превој.  Се надевам дека ваквата солидарност ќе биде пример за делување на сите општини во Република Македонија,  рече Бакрачески   според кој во текот на вчерашниот ден  морало да се донесе брза одлука  во поглед на приклучување кон  конвојот за пробивање  на патот кон Пресека со што битно се допринело  и во спасување на   животите на гаѓаните кои биле  завеани повеќе од десет , дванаесет или четиринаесет часови.


            Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски , при вечерашната посета во Охрид ,  информираше  дека во поглед на расчистување на критичниот дел од патот што води до превојот Пресека,  дополнително се ангажираат сили и преку Дирекцијата за заштита и спасување.
 


-Дел ќе помогне општина Охрид, но и „Македонија пат“ треба да направи вонредни напори за да ангажира механизација која ќе работи на овој потег. Вечерва договоривме дополнително сили од повеќе општини да пристигнат машини во Охрид. Тие веќе се на пат и очекуваме зголемена механизација. Не сум задоволен од работата на „Македонија пат“, но имам ветување од директорот дека во текот на утрешниот ден,патот од Извор- Пресека па се’ до Ботун кој е критичен, ќе биде прооден за сите возила, појасни Јанакиески.
 


-Околу 30 села имаат блокирани патишта. Покритично е струшкото село ’Ржаново но МВР веќе се организира во текот на утрешниот ден да направи евакуација на три возрасни лица, најави Јанакиески.
 
Во однос  на електричната енергија која е проблем во  Република Македонија, министерот Јанакиески рече дека дел од населените места уште вечерва ќе добијат струја, а останатиот дел, како што му ветиле од ЕВН, ќе добијат електрично напојување до утре во 14 часот.
 


-Општина Вевчани, Лабуништа, Октиси и Боровец ќе добијат струја до утре во 14 часот. Половина од населените места во Општина Дебрца ќе добијат струја во текот на ноќва, а останатиот дел утре. Охридските села Велмеј и Брежани ќе добијат електрична енергија утре, а Белчишта и Ботун уште вечерва. Поголемиот дел од  Дебар веќе има електрична енергија, а мал дел од оваа општина ќе добие струја утре,  изјави министерот Јанакиески.
 


Снегот во Охрид и неговата околина паѓа од  вчера  во доцните  попладневни часови. По налог на градоначалникот Никола Бакрачески  веднаш беше формиран   кризен штаб . Во расчистувањето на охридските градски и приградски улици беа вклучени општината , јавните претпријатија и приватни фирми. За помалку од 24 часа јавните површини во Охрид беа исчистени од снежната покривка а градскиот живот непречено функционира. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1352  пати
Објавено на: 29.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©