По повод сто шест години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков , денеска пред спомен плочата крај неговата родна куќа се одржа чествување а делегација од Општина Охрид положи свежо цвеќе. Пред присутните охриѓани за животот и делото на Бошњаков пригоден говор одржа претседателот на Комисијата за празници и манифестации при Општината, Дејан Паноски.
Во овој ден на сеќавање сакам да го споменам и трудот и посветеноста на нашиот историчар Никола Целакоски којшто со својот труд ја запозна јавноста подетално за животот и делото на Марко Бошњаков. Плочата во чест на Бошњаков е откриена во 1994 година овде пред неговата родна куќа а таму некаде горе во источното двориште на црквата Св. Константин и Елена во заедничка гробница веројатно се наоѓа и донесената глава на Марко Бошњаков. Тоа се елементите кои сведочат за борбата на генерации македонци, борба која и денеска продолжува- истакна Паноски
Охриѓанецот Марко Бошнаков бил еден од неколку мината кои ги преживеаа Солунските атентати изведени од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Тој бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и починал на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.
Извор: www.ohrid.gov.mk |