Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ИГОР СТЕФАНОВСКИ – ИЏЕ ОДРЖА ЕДУКАТИВЕН ЧАС ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ
Untitled Document Untitled Document

Под мотото „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во СРЦ „Билјанини извори“  за најмладите се одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот. Иницијатор, и промотор на оваа идеа е двократниот европски првак во ридски трки, македонецот Игор Стефановски – Иџе. Настанот се одржа под покровителство на општина Охрид.  


Во име на општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески, присутни ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев.


-          Целта на денешнава кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот е преку едукативна програма младите да се едуцираат за опасностите кои можат да настанат од брзо и неодговорно возење, а воедно и да им се објасни кои се спортски вредности, да го почитуваат фер плејот во спортот и тимската работа, истакна заменик градоначалникот Јанев.


Своето животно искуство како учесник во сообраќајот го сподели Хакија Мекиќ, кој преку свој личен пример ги потсети присутните колку е важно да се внимава и да се почитува сообраќајната сигнализација.


-          Еден ден, со мојот колега возевме по еден локален пат каде ограничувањето на брзината беше 60 километри на час, а ние возевме 80 километри на час. Тие дваесет километри разлика во брзината беа причина да излетаме од патот, лизгавме на песок и се превртивме. Трагедија голема. Двајца бевме во автомобилот и двајцата останавме инвалиди во количка. Тоа не беше траума само за мене и мојот колега, туку тоа беше траума и за нашите семејства. Затоа апелирам до Вас, вие сте млади и утре ќе бидете возачи, да возите внимателно, никогаш да не возите побрзо од пропишаното. Ние ако возевме 60 километри на час немаше да ни се случи сообраќајната незгода. Секој километар повеќе од пропишаното е опасност. Ако возите побрзо не се знае дали ќе стигнете до целта, затоа внимавајте, рече господинот Хакија.


 
Најбрзиот човек во Македонија, Европскиот шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе со совет до најмладите.


-          Знам дека во иднина сите од вас тука ќе седнете во автомобил, а мојот совет до вас е секогаш кога сте во автомобилот да се придржувате до основното правило да го ставате сигурносниот појас, без разлика за колкава ситуација се работа додека возите, да биде внимателни бидејќи секогаш автомобилот претставува едно превозно средство доколку со него управуваме онолку колку што е дозволено, а секое надминување автомобилот го прави опасно средство не само за вас туку и за сите учесници во сообраќајот. Јас сум двократен Европски шампион и можам да кажам дека сум најбрз во Европа, но на патиштата каде се движиме секојдневно сум еден од најбавните возачи и секогаш се придржувам до сообраќајните правила. Тоа сакам да Ви го посочам и Вам секогаш да биде внимателни, истакна Игор Стефановски – Иџе.
 


 Своите возачки анегдоти ги сподели и македонскиот актер Мите Грозданов.


Европскиот шампион, беше вистинска атракција за најмладите, тие по завршувањето на манифестацијата се фотографираа и земаа автограми. Покрај тоа децата имаа прилика да се фотографираат и со автомобилот со кој Игор Стефановски – Иџе јас освои Европската титула, а имаа можност и да извозат  трка на професионалниот симулатор од тркачката академија на Иџе.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1362  пати
Објавено на: 24.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©