Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО НА ИГРАНИОТ ФИЛМ „ТАТКО“ ВО МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐
копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар
Морина, кој е и автор на сценариото.

„Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано
да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век.
Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по
прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот
татко Гзим. Нориевата детска истрајност покажува екстремна длабочина, што ја издигнува
над приказната на еден бегалец или политичкиот контекст на Косово.

Скопје Филм Студио, Нико Филм од Германија и Круша Продуксиони од Косово се
продукциските куќи одговорни за реализација на проектот „Татко“, за што добија
финансиска поддршка од страна на релевантните национални филмски фондови: West
German Broadcasting (WDR), Film und Medienstiftung (NRW), German Federal Film Board (FFA),
Косовскиот Филмски Центар и Агенцијата за филм на РМ, кои препознаа потенцијал во овој
проект.

На филмот работи интернационална екипа, во која секоја од земјите копродуценти
е застапена со свои автори. Охрид и околината беа одбрани како најсоодветни за
сцените чие снимање беше предвидено да се одвива на територијата на Македонија,
а на екипата најголем предизвик ќе ѝ бидат специјалните ноќни сцени во водите на
Охридското Езеро.

Во подготвителниот период, Скопје Филм Студио и членовите на екипата од Македонија ги
создадоа сите неопходни услови за еднонеделното снимање на филмот, а при тоа доби
огромна поддршка од страна на Општина Охрид, Министерството за одбрана и
Генералштаб на АРМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт
и врски, Капетанија на пристаништата Охрид, како и од Агенцијата за филм

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 01.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©