По налог на градоначалникот Никола Бакрачески надлежните од
одделението за сообраќај при Секторот за комунална дејност од Општина Охрид,
технички поддржани со оперативата на ЈП Нискоградба, деновиве пристапија
кон поставување на светлосни сообраќајни знаци на однапред детектирани
локации кои се утврдени како крстосници со повисок ризик по безбедноста на
учесниците во сообраќајот, па токму затоа се утврдени како приоритетни.
Поставувањето на светлосните сообраќајни знаци започна на две локации: на
пресекот на улиците “Партизанска“ и “Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка
и
на пресекот на улиците “Карпош Војвода“ и “Сирма Војвода“ .
Вакви сообраќајни знаци ќе се поставуваат и во наредниот период, а
локациите ќе се утврдуваат по консултации со стручните лица од СВР Охрид и
по барања на граѓаните на општина Охрид.
Поставувањето на светлосните сообраќајни знаци се дел од годишната програма
за работа на Секторот за комунална дејност за 2014 година и се дел од
изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески.
Извор: www.ohrid.gov.mk |