Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ИВАНОСКИ
Untitled Document

Градоначалникот  Никола Бакрачески, синоќа во Охрид имаше работна вечера со министерот за Информатичко  општество и администрација, Иво Иваноски и  со претставници  на  Агенцијата за електронски комуникации.  Повод за средбата беше  отворањето на дводневната  Меѓународната регулаторна конференција што  трета година по ред се одржува во Охрид .
Вчера, на воведната сесија обраќање имаше министерот Иваноски  кој се осврна на важноста на  информациско- комуникацискиот технолошки развој, кој е директно зависен од распространетоста на широкопојасниот интернет.
На конференцијата,  претставници на регулаторни тела од  земјите учеснички: Србија,  Бугарија, Црна Гора,  Финска, Турција,  Хрватска,  Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија,  Косово и останати држави од регионот и од Европа,дебатираат на  теми од областа на регулација на електронските комуникации. Меѓу другото на средбата се  разгледуваат можностите како со регулаторни мерки и помош да се поттикне развојот на нови технологии и нови услуги за сите корисници на оваа индустрија.

Конференцијата завршува денес  со дискусии посветени  на индустријата за електронски комуникации. Денес ќе се одржат и бројни  презентации за иднината на електронските комуникации. Презентациите ќе ги реализираат операторите за јавни елекронски комуникациски услуги: Македонски Телеком, ONE телекомуникациски услуги и VIP оператор.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1369  пати
Објавено на: 20.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©