Шеесетина деца од ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , на возраст од 5 и 6 години, денеска ја посетија општина Охрид при што имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа. Најмладите посетија и неколку служби во локалната администрација и се интересираа за нивната работа и комуникацијата со граѓаните.
Посетата на општина Охрид е дел од проектот „ Градот низ детските очи“ што се реализира по препорака на Министерството за труд и социјална политика. Во рамките на проектот, најмладите од детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , досега посетиле бројни институции, фирми и културно историски споменици.
Извор: www.ohrid.gov.mk |