Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ ДЕТСКИ БОНТОН“
Untitled Document

Во рамките на проектот „ За сите деца“, што се реализира во општини во кои има група во предучилишните установи каде наставата се реализира на турски јазик, во ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, денеска со пригодна приредба, беше промовиран проектот „ БОНТОН“- однесувај се убаво и пристојно.

Носители на проектот се ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната самоуправа и СВР Охрид, а дел од него е издавањето на прирачникот „ Ѕвони ѕвон за бонтон“, преведен на турски јазик. Прирачникот го промовираа децата од турската група во детската градинка „ Росица“ .

Заменик градоначалникот Ангел Јанев, во рамките на денешните активности, во Локалната самоуправа имаше средба со  тимот од проектот „ За сите деца“ .

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1376  пати
Објавено на: 10.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©