Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА ПО ПОВОД 7 НОЕМВРИ
Untitled Document

Чествувањата на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, беа одбележани и со Свечена седница во големата сала на Општина Охрид. Пред присутните преживеани борци од НОБ, претставници на политичките партиии и здруженија на граѓани, се обрати градоначалникот Никола Бакрачески.

- Седумдесет и две генерации растат во слободна Македонија и слободен Охрид, благодарение на хероите од епската четиригодишна Народно Ослободителна Борба. Дозволете ми во името на Општина Охрид и во свое лично име да  искажам неизмерна благодарност за нивното херојство, саможтрва и визија за слободна Македонија и посебно кон оние кои учествуваа во непосредните борби за ослободување на Охрид. Имињата на Јасна Ристеска, Вељан  Најдовски, Момчило Јорданоски, Петре Секулоски, Јоне Дескоски и уште плејада млади партизани кои ги положија своите животи за слободен Охрид,  се вечно врежани во колективната меморија на охриѓани, како едни од најголемите херои кои ги дал овој град во својата историја – истакна во своето обраќање Бакрачески.

Истакнувајќи ги сите позначајни датуми од нашата историја, започнувајќи со формирањето на Македонската Револуционерна Организација на 23 октомври во 1893, преку Илинденската епопеја од 1903, ослободителната војан од 1941 -1945 и завршувајќи со реферундумот за самостојна Македонија од 8 Септември 1991, градоначалникот Бакрачески истакна дека секоја генерација имала свој предизвик во градењето на денешната Македонија.

- Верувам дека ние како генерација не само што ќе го сочуваме аманетот на нашите предци за слободна Македонија, туку со својата работа и посветеност ќе успееме Македонија да ја ставиме во редот на просперитетни држави, чиј наскапоцен бисер е и ќе биде  Охрид. Секоја генерација има свои предизвици. Нашиот најголем предизвик и наша примарна цел е, со посветена работа да направиме туризмот да биде движечка економија на Охрид, Охрид препознатлив бренд на светската туристича мапа, со максимално ангажирање и создавање на услови за развој и на другите индустрии, за да обезбедиме сигурен и квалитетен живот за охриѓани. Убедени сме дека цврсто чекориме кон просперитетна иднина на Охрид  и охриѓани – заврши со своето обраќање Бакрачески.

Свеченоста продолжи со врачување на Благодарница на градот Охрид на познатиот адвокат Тома Фила за неговиот посебен придонес во  афирмација на нашиот град. Заблагодарувајќи се на признанието, познатиот адвокат Тома Фила,  истакна дека тој е горд Македонец во Белград, а со Охрид неразделно е поврзан повеќе од 60 години.

 - Навистина сум почестен со ова призние кое искрено многу ми значи бидејќи доаѓа од Охрид и охриѓани. За мене Охрид и најубавото место на светот или ако го парафразирам големиот поет Хорхе Падрон – Охрид е Божја солза радосница од кога Бог видел каква убавина креирал на земјата – заврши во своето обраќање добитникот на Општинското признание Тома Фила.

Седницата продолжи со културно уметничка програма во која свој рецитал имаа ученици од гимназијата “Свети Климент Охридски“,  а настапија и ученици при хорот од ОУ “Христо Узунов“, младите музичари од ОМУ “Методи Патчев“ и најмалите  од ЈОУДГ “Јасна Ристеска“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1496  пати
Објавено на: 07.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©