Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ПОМОГНЕ ВО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОПОЖАРЕНАТА КУЌА НА МУЗАФЕР САДИК
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“ , вчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак.Во пожарот е направена  голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик.

-Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите финсиски служби и пропишаната процедура, Советот на општина Охрид ќе донесе одлука за висината на одштетата со која ќе придонесеме за санација на куќата на семејството Садик.Во меѓувреме ќе бараме некои времени решенија за помош на семејството и во тие активности очекуваме поддршка од граѓаните, хуманитарните организации и бизнис секторот.Општина Охрид не располага со сопстевн стамбен простор, но уште денес е контактирано претпријатието за стопанисување на станбен и деловен простор за изнаоѓање стан за времено сместување на ова загрозено семејство- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески потенцира дека оваа локална власт во периодот од април 2013 година до 31.12 2016 година им помогна на 27 семејства на кои им беа опожарени куќите за што се исплатени 4.300.000,00 денари, а за штети од поплави и други елементарни непогоди во истиот период се исплатени 525.000,00 денари.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1348  пати
Објавено на: 10.01.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©