Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ WATERNET СО ГРАДОТ ВОДЕН ОД РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА
Untitled Document

Денеска во Охрид се одржа “Вториот координативен состанок“ на проектот WATERNET, кој се реализира преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта на денешниот состанок е да се направи пресек на досегашните активности,помеѓу партнерите општина Охрид, општина Воден, Техничкиот Институт Александар од Солун и ФТУ од Охрид.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека реализацијата на проектот се одвива според предвидената динамика, а денешната средба со својот колега, Димитриос Гиану, градоначалникот на Воден, ќе биде искористена да се разгледаат можностите за соработка на повеќе полиња. Во таа насока градовите Охрид и Воден, разгледуваат повеќе солуции за заеднички настап во ИПА програмите на Европската Унија. Освен тоа, добрите односи со Воден, ќе се продлабочуваат и преку соработка во културата, образованието и спортот. Се очекува утре на Богојавление да бидат присутни повеќе гости од грчкиот град партнер.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 18.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©