Деновиве во Охрид, престојуваше екипа на Радио телевизија Србија која
снимаше серијал емисии со наслов „Гастрономад“. Емисијата има за цел
прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ
призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со
културно – историските знаменитости во Охрид.
Се снимија осум емисии кои во наредниот период ќе бидат емитувани на првиот
и на сателитскиот канал на РТС . Емисијата „Гастрономад“ пред српската
јавност се прикажува континуирано веќе шест години. Оваа емисија беше
снимена во Охрид како резултат на заложбите на Локалната самоуправа која континуирани ги
поддржува и поттикнува ваквите проекти кои имаат за цел промоција на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |