Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ОХРИД И ДЕБАРЦА ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Untitled Document

Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка.Со овој документ се утврдува рамката во која се остварува соработката  меѓу потписниците ,за планирање, организирање и спроведување на активностите.

-Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ве уверувам дека Локалната самоуправа и Владата, особено  внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа  со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката соработка,  рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

Претседателот на Здружеието на пензионери од општините Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, истакна  дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка прецизно се дефинираат проектите со кои ќе се подобри економскиот и социјалниот статус на оваа категорија граѓани. Во документот се наведени проектите за изградба на дом за стари лица, бесплатен автобуски превоз, воведување медицинска патронажна служба, учество во проектот „ Доживотно учење“ , отворање на клубови за дневен престој за пензионери  и други иницијативи.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1245  пати
Објавено на: 17.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©