Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „КУРАЈЧКО СРЕДСЕЛО“
Untitled Document

Деновиве, во рамките на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид, започна со реализација проектот „ Курајчко средсело“ со кој е предвидено  рушење на стариот руиниран објект до одредена висина и поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации ,како  и зачувување на неговата автентичност.Години наназад, објектот претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации,но и за туристите.


Вкупната вредност на проектот изнесува  130. 000 денари , од кои 70 отсто  (100. 000 денари ) ги обезбедува Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален еконосмски развој, за  30 отсто е учество на Месната заедница од селото Куратица.


Со реализација  на проектот ќе се подобри промоцијата на Василичарските и карневалски манифестации, државните спортски натпреварување , како и привлекување на поголем број домашни и странски посетители во Куратица.


Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид и  стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна презентација и промоција на културата, културно-историското и природно наследство и изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 15.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©