Во периодот од 24.06.2013 год. до 06.07.2013 год. се изврши генерално косење на селата и приградските населби во општина Охрид, каде беа опфатени селата Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, н.Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово, а со цел да се олесни понатамошното одржување на хигиената.
Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите по целото крајбрежје :
* секојдневно во: с.Трпејца, с.Пештани, Лагадин и Св.Стефан;
* еднаш неделно во: с.Љубаништа, Коњско, н.Исток и Елшани.
Заради наметната потреба од повисок степен на одржување на хигиената и големиот број на манифестации кои се одржуваат во с.Велгошти, секојдневно се третира ова подрачје. Во селата Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Орман динамиката на одржување на хигиената е еднаш неделно.
Се оствари средба со претставници од М.З.Велестово и јавното претпријатие им излезе во пресрет на нивните барања за косење, чистење и поставување на контејнери на пристапни локации.
Од 22.07.2013 год.(понеделник) екипите на „Јавна хигиена„ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се превзедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.
Извор: www.ohrid.gov.mk |