Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИТЕ ПРАШАЊА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ
Untitled Document

1.      Со кои факти може да се потврдат информациите дека  расте бројот на странски туристи во Охрид  односно дека  тој станува атрактивна дестинација за странците?


-           Радува фактот што од година во година расте бројот на странски туристи во Охрид кои не доаѓаат  само да одат на плажа туку пред се да ги видаат културно- историските знаменитости  и  останатата туристичка понуда (концерти, културни ,спортски манифестации) која настојуваме да биде атрактивна за нив. Хотелите се закупени од странски туроператори за цела година. Дел од хотелите инвестираат во нови содржини, се реновираат, градат базени, ја подобруваат понудата за да е адекватна за потребите на странците. Покрај како туристичка дестинација, Охрид станува и атрактивна емиграциска дестинација ( во време кога сите зборуваат за зголемено ислеување, во Охрид се доселуваат странци кои тука живеат )  за луѓе од западните земји, поткрепа на ова е фактот што изминатава една година повеќе од 40  станови или куќи во Охрид го купиле лица од Холандија, се купува во Пештани и Лагадин, а атрактивен е и стариот дел на градот. Неколку семејства од Англија имаат изградено куќи во населбата Рача, а нова дестинација за поимотни луѓе од Скопје и Белград е селото Велестово каде се градат вили и се купува земја.


2.      Каква е годинешната слика за летната туристичка сезона? Можете ли да ги побиете информациите кои  беа пласирани во дел од електронските и печатени медиуми дека летната сезона е промашена, односно дека летово Охрид е слабо посетен од туристи?


-           Неодамна на Вонредната седница на Локалниот економски совет, која беше свикана  по мое барање а на која единствена точка на дневен ред беше  годинашнава летната туристичка сезона во Охрид  во неколку часовната дискусија  меѓу другото стана збор и за бројот на гости и туристи во Охрид во ова лето. Статистичките податоци    кои ги изнесе   Претседателот на Стопанската комора за туризам, Лејла Крстевска а кои се прецизни и објективни ги демантираат сите кажувања дека  годинешнава летна туристичка сезона била неуспешна. Така,  во однос на  2011-та  година кога Општина Охрид  наплатила  од туристичка такса  околу 26 000 евра за месеците  април, мај и јуни,  за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кој што  според нашите согледувања ќе   се компензираа во овој месец. 


3.      Дали  Охрид е навистина  прескап  како `што се зборува, или има цени за сечиј џеб?


-          Соба за една ноќ се изнајмува по цена од 300 до 600денари и до 2 000 денари за луксузен апартман во приватниот сектор. Полу пансион во охридските хотели чини од 1 000 до 6 000 денари а за апартманите цената е од 6.000 до 12.000 денари зависно од местоположбата и луксузноста на хотелот.
Цените на пијалаците во повеќето угостителски објекти се дефинирани. Соковите чинат од 60 до 80 денари, пивото од 90 до 120 денари, а цените на кафињата се движи меѓу 50 и 100 денари . Дуќаните за брза храна работат ден и ноќ а ги има на секој агол од градот. Цената на хамбургер е од 90 до 120 денари а пицата на парче се продава од 60 до 80 денари. Традиционалниот охридски варен ѓеврек чини 15 , а бурекот од 40 до 50 денари.
Гостите кои сакаат да патуваат со такси низ градот ќе платат 50  денари за старт и 16  денари за секој одминат километар.


 
4.      Факт е дека инфра структурата и чистотата се клучни алки за развој на туризмот. Колку вложувате во  инфра структурата и  дали се води постојана грижа за чистотата на Охрид?         

     
- И покрај лошата финансиска состојба,  односно енормно големите наследени долгови со кои се соочуваме , општината  максимално онолку колку што и дозволуваат финансиските можности вложува во инфра структурни проекти.                Асфалтирани се вкупно 30 400 метри квадратни улици. Во приградските населби и околните села се инвестирани над милион евра во нова канализација .
 ЈП  “Охридски Комуналец“ работи 24 часа во 3 смени, со  сезонски ангажирани плус 30  работници. Јавните површини  на цела територија на  Охрид и охридските села постојано се чистат од отпадот што се собира, се чистат улиците и се коси трева.
 
 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 07.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©