Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска, доцна попладнево во Охрид остварија протоколарна средба со Бенџамин Ринакер од Стејдепартментот на САД кој е политички советник за Балканот и советниците во амбасадата на САД во Македонија, Лаура Бурнс и Адријан Исмаил.
На средбата се разговараше за актуелните и идни проекти на општина Охрид и нивната реализација како и начините на буџетирање на локалната самоуправа.
Почесните гости од САД покажаа интерес и за актуелната политичка состојба во Македонија а ги слушнаа и размислувањата за надминување на истата. Меѓу другото на средбата стана збор за начините на спроведување на изборниот процес во Македонија некогаш и сега.
Извор: www.ohrid.gov.mk |