Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНИЦИЈАТИВА, ОХРИД И ДУБРОВНИК ДА СТАНАТ ГРАДОВИ - ПРИЈАТЕЛИ
Untitled Document

Во работна посета на Охрид, денеска, група истакнати хрватски новинари остварија средба со претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска.

 На средбата хрватските новинари ја презентираа идејата за поблиска соработка на Охрид со хрватскиот град Дубровник .

Непосредно пред тргнувањето на новинарите од Загреб, за нивната посета на Македонија и очекуваните ефекти, беа запознати актуелниот претседател на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и поранешниот шеф на државата Степан Месиќ. Двајцата државници, ја реафирмирале идејата на Месиќ, од пред скоро една деценија, за збратимување на Дубровник и Охрид, градот во кој тогашниот шеф на хрватската држава, ја изнесе официјално и искажа лична подготвеност за нејзино исполнување. Степан Месиќ, во посета на Охрид беше и пред неколку месеци, кога се сретна со градоначалникот Никола Бакрачески. Месиќ изрази надеж дека конечно ќе дојде до реализација на неговата иницијатива за Охрид и Дубровник да станат и формално Градови пријатели. Актуелниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој претходно беше во официјална посета на Република Македонија, по повод патувањето на хрватските новинари во нашата земја, до организаторите испратил и лична порака, во која го поздравува гостувањето во Македонија, во функција на културното и медиумско доближување.

 Новинарите имаа можност одблиску да ги запознаат убавините на Охрид и плановите и активностите кои ги превзема Локалната самоуправа за понатамошниот развој на градот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1253  пати
Објавено на: 09.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©