Градоначалникот на Квинбиен од Австралија Тим Оверал од 19 до 22 јули е
во официјална посета на Општина Охрид. Во рамките на посетата, на 21 јули,
градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и градоначалникот на Квинбиен Тим
Оверал, предвидено е во времето од 11.30 часот да потпишат Протокол за
соработка.
Охрид има пријателски односи со повеќе градови во Австралија ,а од 1981
година е збратимен со градот Волонгог, каде живее една од најбројните
македонски заедици.
Извор: www.ohrid.gov.mk |